МНТ со „Последната лента на Крап“ на 19. ИФАД „Стоби“

Македонскиот народен театар со претставата „Последната лента на Крап“, вечерва ќе гостува во Велес во рамки на 19. ИФАД „Стоби“.

Претставата ќе започне во 19 часот на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, Велес. Всушност, се работи за монодрама, а ќе настапи членот на жири-комисијата, Ѓорѓи Јолевски, како дел од офф-програмата. 

Оваа година, 19. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“, се одржува од 17 септември до 1 октомври, а покрај официјалната натпреварувачка програма, вклучена е и придружна офф-програма.

Монодрамата „Последната лента на Крап“, во изведба и режија на Ѓорѓи Јолевски, изминатиот период гостуваше и на јубилејните 30. денови на Св. Кирил и Методиј, во Македонскиот културен центар во Крањ, Р Словенија, како и на фестивалот на монодрамата „Гавран фест“ во Загреб, Р Хрватска.