Мисајловски објави каде ВМРО-ДПМНЕ има победи и водство

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во своето телевизиско вклучување на телевизија Алфа објави дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо прогласува победи во над 13 општини низ земјава.

-Македонија ви благодариме, она што се случува вечерва е нешто позитивно, се бројат и Советничките листи, но еве неколку каде водиме и прогласуваме победа: Во Ѓорче Петров, Виница, Петровец, Јегуновце, Новаци, Могила, Босилово, Градско, Неготино, Кавадарци, Велес, Штип, Радовиш, Гевгелија, Битола, Кисела Вода, Илинден, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Свети Николе, Сопиште, Скопје и многу други, многу други, рече Мисајловски.

Тој додава дека во град Скопје ВМРО-ДПМНЕ има исто така водство, но наскоро ќе ги соопштат сите резултати. 

-Народот сака промени, сака нова иднина, победуваме во сите совети и секој што веруваше во Македонија, во Христијан Мицкоски, еве победуваме и набрзо за сите места ќе има резултати, порача тој.