Мицкоски: Ова се избори на кои граѓаните ќе изберат дали ја сакаат Македонија или не, Силјановска Давкова е вистинскиот избор

Секогаш кога во Македонија имаме влада на СДС македонскиот народ, граѓаните на Македонија и самата Македонија губат, се удира директно врз македонскиот идентитет. Секогаш кога имаме влада на СДС секогаш имаме по нешто коешто идентитетски губиме – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешното негово обраќање во Македонски Брод во рамките на претседателска кампања.

Мицкоски во текот на своето обраќање потенцираше дека на овие избори се бира за и против Македонија односно дека на овие избори се бира дали ја сакаме Македонија и ја бираме професорката Гордана Силјановска Давкова.

СДС се обидува да ги претстави овие избори кои следат како избори за ЕУ или против ЕУ. Они биле за ЕУ, а ние според нив сме биле против ЕУ и тоа е погрешна теза. Ова се избори на кои бирате за и против Македонија, нема трета опција. На овие избори бираме дали ја сакаме Македонија и ја бираме Гордана Силјановска Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ или сме против Македонија, а тоа е Стево Пендаровски и коалицијата што ја предводи СДСМ – рече тој.

Мицкоски се осврна и на кандидатот за претседател Стево Пендаровски каде укажа дека Пендаровски е патрон и главен измеќар на ДУИ на чело со Али Ахмети.

Стево Пендаровски кој што е патрон и главниот измеќар на политиките водени од неколкумина кои што се дел од раководството на Демократската унија за интеграција на чело со Али Ахмети. Главен измеќар и подизведувач на политиките на ДУИ е Стево Пендаровски. А кои се политиките на ДУИ, а тие се опишани со три збора „Како до сега“, потсети Мицкоски.

Мицкоски во врска со Пендаровски посочи две главни работи кои не треба да се заборават.

Две работи кои се значајни и не треба да се заборават за Стево Пендаровски, тоа се, првата и најзначајна а тоа е дека според Стево Пендаровски, Гоце Делчев бил Бугарин. Втората и многу значајна работа е дека ако не бил избран за претседател тогаш Стево ќе се иселел од Македонија. Па ајде да му помогнеме на 24 Април да почне со пакувањето на куферите и на 8ми Мај да се исели – порача Мицкоски.

На крај Мицкоски порача:Ова се избори на кои треба да одлучиме дали ќе постои Македонија онаква и во оваа форма во која што ја знаеме или нема да постои. Ова сериозно го мислам и го знам врз основа на информациите со кои располагам.