Мицкоски нема одговор од албанската опозиција за постизборно коалицирање

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упатил јавна порака до албанската опозиција за коалицирање, но, како што рече, одговор до овој момент нема добиено.

Мицкоски денеска по средбата со Управниот одбор на МАСИТ во Скопје, пак, одговарајќи на новинарско прашање за предлогот на Бујар Османи министер за надворешни работи и кандидат за претседател од ДУИ за постигнување на заеднички консензус за уставните измени, истакна дека „Османи за таков консензус ја има испуштено можноста“, кога, како што рече ВМРО-ДПМНЕ и тој лично на прес-конференција се понудиле да бидат дел од процесот, кој што, според него, го воделе шверцерски и тајно, позади очите на јавноста.