Мицкоски бара правда за осудените за 27 април, Пендаровски вели нема помилување

Денеска претседателот Стево Пендаровски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ остварија средба во Вила Водно. 

Христијан Мицкоски по средбата со претседателот Стево Пендаровски во Вила Водно, рече дека бара правда за осудените за настаните за 27 април во Собранието. Според него, одбраната располага со нови докази кои на суд би покажале дека сегашните пресуди се неосновани. 

„Не правам ревизија на пресудите за 27 април, туку за политичко толкување на пресудите. Страв ми е дека ако има нови докази, може да се обнови процесот, но без никаква намера да се врши притисок на судството од мојот кабинет“, рече Пендаровски, потсетувајќи дека во конкретниот ден и самиот бил пратеник во Собранието и бил директен сведок на настаните. 

Тој додаде и дека не може да стане збор за помилување на осудениците за кривични дела.