Мицкоски: Ако е исплатена државна помош за фабриката во Тетово некој ќе одговара за злоупотреба на народни пари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со фабриката за електрични возила во Тетови вели дека власта во август 2022 година ветувала дека за неколку недели ќе почне со производство, па за неколку месеци ќе се групирале парцелите за на крај да бидеме сведоци на банкрот на оваа компанија.

„Треба да видиме дали е исплатена државна помош, ги охрабрувам медиумите да ја прашаат владата, а доколку не одговори, за неколку месеци од денеска идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде одговор на ова прашање“, додаде Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ако е исплатена државна помош, тоа што тој го направил сторил огромно кривично дело и злоупотреба на народни пари и ќе одговара за сето тоа.

„Ние од самиот почеток предупредувавме дека ова е уште една шарена лага во очи на тогаш вонредните локални избори во општина Тетово кога имаше повторени избори за советот и во предизборна еуфорија се сликаше целиот државен врв на чело со Ковачевски, Ахмети и останатата група. Сега истите ги нема да излезат во јавност и да кажат зошто компанијата која така помпезно ја најавуваа банкротираше и дали е исплатена државна помош, а ако е исплатена колкава е таа државна помош за да знаеме колку долго некој ќе одговара затоа што ги злоупотребува народните пари“, потенцираше Мицкоски.