Месечен хороскоп за август 2020: Шкорпија

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

Работа

Ова ќе биде успешен период за оние Шкорпии кои се занимаваат со трговија. Нема да имате претерана волја за работа, но нема да ви биде ниту потребна, бидејќи овој месец ќе се фокусирате само на важните обврски. Ако работите во тим, ќе имате репутација на оној кој работи најмногу иако нема да се вложувате претерано во работата.

Љубов

Ако сте во врска: Ова е период кога ќе можете да дојдете до посакуваните промени бидејќи саканата личност ќе сака да соработува. Можно е да дискутирате за заеднички живот, купување стан или проширување на семејството. И двете страни се подготвени да се борат за љубовта, така што август е месец кој носи многу убави промени. Што и да направите, ќе биде постигнато со љубов и соработка.

Ако сте слободни: Слободните Шкорпии ќе бидат во фаза да избираат меѓу две сосема различни личности. Размислете добро што е тоа што го сакате покрај себе на подолг рок.

Здравје

Можни се проблеми со стомакот и дигестивниот систем.