Меракот за брзо возење носи и казни, МВР вчера “почасти“ 202 возачи

По спроведената акциска контрола на територијата на Македонија во текот на вчерашниот ден, МВР санкционираше 202 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина.

Притоа, 93 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови информираат од МВР.