Мене веќе на гласање не ме гледаат - дециден актерот Тасевски!

Актерот Сашо Тасевски со гласен став и на тема „покачување на пензии и плати на функционери“. 

Неговата фејсбук објава ви ја пренесуваме во целост. 

-Мене веќе на гласање не ме гледаат!

Ми се внесе во лице еден пензионер на улица.

Имам 500 денари покачување на пензијата, а оние лопови си ги покачија по 1000 евра платите! Кажи го ова на ТВ ко ќе бидеш!

Една нивна плата е ко мојата годишна пензија!

Сега сум во вторник на тв. Ќе кажам.

Ама што вреди.

Тие не сметаат за малоумни, затоа им успева се.

Со кој образ ќе барате гласови на избори после ова?

Луѓе има гладуваат вие 1000 евра покачување на вашите плати!!! Дали имате трошка,срам?

Да направеа Швајцарија овде да кажеш пеки. Нека земат. Ама они направија држава мрсул да не фрлиш на неа.

Замислете, платите на сите тие министри, заменици сега ќе бидат преку 3000 евра, а ние очи си вадиме меѓу себе, трчаме да гласаме за нив, ко ќе се појават меѓу народ се топиме од милина ако не поздрават: Еј Таче ми направи да пукне и ме поздрави.

А овој што се фали платата 25 илјади, а на Таче 200 илјади денари.