Ненормално е да бидете на страната на кучето кое напаѓа луѓе, дури и деца, вели актерот Тасевски

На страната на кучињата или на страната на оние кои страдаат од животните, јавноста деновиве се подели околу агресивните кучиња, нивните права, но и правата на луѓето.

Се огласи и актерот Сашо Тасевски.

-Супер сте сите што чувате кучиња, порача преку фесјбук објава актерот Сашо Тасевски. 

-И не ми пречат вашите кучиња кога пијат смути барабар со мене и кога ме гледаат умно, ко Ниче. Само ме нервира ако ми лаат на увце додека седам у кафиќ. Па уште ако има неколку што лаат едно на друго, стварно не е пријатно. Често пати ви ги земам ги галам, ги закачам, ги чешкам. У маало имам еден Арес, ретривер, ме осеќа уште на 50 метри и ја бута главата меѓу шипките да го галам. И Фанки на Чочо знам да го малтретирам некад од милост и ме остава. Чочо ми ржи али Фанки не. И на доктор Јоцо малтешката сум ја гњавел... Значи стварно сум кучељубец, пишува тој во објавата. 

-Но, муабетите од типот, знаеш, тоа куче ко било мало некој го тепал затоа сега напаѓа луѓе... тие муабети ми се без врска. Што е бе некоја Јана крива која има три години и која ја искасало куче затоа што некој го тепал кога било мало? Аман бе, дојдете на себе. Ненормално е да бидете на страната на кучето кое напаѓа луѓе, дури и деца. Бајги ненормално, констатира тој на темава.