Маж им извадил нож на вработените на бензинска во Карпош откако одбил да плати

Маж одбил да плати за производите кои ги зел, а потоа се закнувал со нож. Ваква драма синоќа се одвивала на бензинска пумпа во скопската населба Карпош.

Се работи за 32-годишен скопјанец со иницијали Е.А. кого полицијата го привела.

Според информациите од МВР настанот се случил нешто пред полноќ.

„Одбил да плати за производите кои ги зел и се заканувал со остар предмет кон вработените“, информираа од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.