Масовна тепачка меѓу малолетници во Скопје, едниот од напаѓачите се заканувал со остар предмет и снимал со телефон

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека на 04.11.2023 околу 23.45 часот во парк на улицата „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје, двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од повеќе други малолетници, од кои дел ги познавале, извести МВР.

– Според пријавеното, еден од напаѓачите со остар предмет се заканил на едниот малолетник и притоа го снимал со мобилен телефон, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.