11-годишниот Марио Стојановски од Неготино после 7 години растење на неговата коса одлучил ја да донира и тоа не било каде туку да израдува некое дете и да му помогне во борба против подмолната болест.
- “Не ми е жал за косата, затоа што знам дека со ова помагам некому што има потреба од поддршка. А косата, пак ќе ми порасне“, вели Стојановски.
Неговите родители се среќни што нивниот син донел една ваква хумана одлука и заеднички со него, посакуваат здравје, љубов и среќа за сите луѓе во светот.
Марио Стојановски е ученик во основното училиште ,,Страшо Пинџур" во Неготино.