Малолетник со мопед настрада во сообраќајка на Кадински пат

Малолетен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера вечер во скопско. 

- На 14.04.2024 во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„1“ и ул.„2“ на Кадински пат се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед, управуван од малолетник од село Кадино, општина Илинден и патничко возило „киа“, управувано од И.А.(40) од село Мралино, општина Илинден, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.