Малолетник нападнат со тврд предмет и уште неколку физички пресметки вчера во Скопје

Неколку физички пресметки вчера се случувале на подрачјето на Скопје во текот на вчерашниот ден. 

На 01.11.2023 во 15.10 во близина на ТЦ Мавровка во Скопје пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Б.(51) и Д.И.(49), двајцата од Скопје. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

На 01.11.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(50) од Скопје пријавил дека во с.Миладиновци, тој и М.И., додека извршувале работни задачи како вработени во ЈКП Илинден, биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 01.11.2023 во 17.00 часот во СВР Скопје, А.М.(38) од Скопје пријавила дека околу 12.25 часот на подрачјето на Гази Баба нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од полицијата.