Македонија гласа - Излезноста до 11 часот е 12,78 отсто

Според податоците на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК) излезеноста на избирачките места на првиот круг од претседателските избори до 11 часот е 12,78 отсто или гласале 229 417 гласачи. 

Овие проценти и бројки, според податоците на ДИК, се врз основа на обработени 3 416 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава. 

Најголем е одзивот во Демир Капија, 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.

На седмите претседателски избори во земјава право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3480 избирачки места.