Македонците со хит прашања до Владата: Им фали ли нешто за во Идризово, Онкологија - само сестрата ли е крива?

Во Собранието денеска ќе се одржи 128-та седница на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.

Премиерот Димитар Ковачевски и министрите ќе одговараат на прашања на пратениците за актуелните теми во земјава.  

Пратеникот од Левица Димитар Апасиев на својот фејсбук профил отвори можност граѓаните да постават прашања, кои тој ќе ги пренесе во собраниската сала. 

Прашањата на дел од граѓаните се хит. Директни, болни, но реални прашања поставија Македонците.

Еве дел од нив: 

Дали се спремаат за Идризово?

Пратеникот Костовски од Куманово дали ја платил казната од 500 евра за вработувањето на сопругата?

Онкологија - Само сестрата ли е крива?

Јас би сакал да го прашаш премиерот, дали би не почестил на следните протести да се појави пред влада.  

-Да ги прашаш почитуваните колешки пратенички дали се задоволни од мврто за последното убиство што се случи на жената од Кочани иако починатата повеќе пати го пријавила убиецот... 

До кај е динамичкиот план за градење на "новата" клиничка болница во Штип од 2016 год. Изгинаа 200.000 народ од истокот. 

Прашај ги зошто ја уништија државава и сите институции? Дали работат по нечија туѓа агенда или се само глупави и алчни? 

Дали министерството за животна средина планира да превземе нешто за да живееме во чистота. Кај и да погледнеш депонија, а не знам ни дали ни е чист погледот од нечистиот воздух околу нас. 

Прашај ги дали им фали нешто у торбата за у затвор.. Да се собереме да донираме, дека се си им е малку плата. Греотка.

Јас би сакала да го прашам Обичуко, 4 убиени во 1 недела, зошто уште си немам дадено оставка?

Дали јазикот им е здрав, или имаат по некој херпес, по толку лижење кај странски фактори? 

Зошто им го шитнаа Чебрен на Грците, наместо државава да си го изгради и да биде стопан? 

Зошто министерот за финансии Бесими ги блокира вработувањата во културните установи? 

Прашај ги дали знаат колку им е народот осиромашен, разочаран и депримиран во летаргија, нема сила и да протестира (со секоја чест за пензионерите од Св.Николе кои на протестот ќе носат дрва и камења) и кога ќе ги вратат 78% покачените плати назад.