(Видео) Турканици, пцовки и закани: Инцидент меѓу бугарските пратеници во Собрание

Вистински хаос се случувал утрово во бугарското Собрание, откако во салата се скараа пратениците на Преродба и Продолжуваме со промените - Демократска Бугарија (ПП-ДБ).

По говорот на Јавор Божанков од ПП-ДБ почна турканицата меѓу пратениците, а страстите се зголемија кога почнаа дел од нив да се плукаат и туркаат.

Еден од пратениците завршил со крвав образ, а на друг му биле скршени очилата во инцидентот.