Македонците го избегнуваат железничкиот превоз

Железничкиот превоз значително помалку се користи, во споредба со другите видови превоз, чија употреба е во корист.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2017 година, во однос на истото тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е зголемен за 1,4 отсто, во градско-приградскиот превоз за 6,9 проценти, во воздухопловниот превоз за 7,1 отсто, додека бројот на превезените патници во железничкиот превоз е намален за 38,6 проценти. 

Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е намален за 5,8 проценти, во градско-приградскиот превоз за 0,5 отсто, во железничкиот превоз за 37,0 отсто, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 10,5 проценти. 

Во првото тримесечје од 2017 година, во споредба со првото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 69,6 проценти, во железничкиот превоз е намалено за 18,5 проценти, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 30,2 проценти. 

Во однос на четвртото тримесечје лани, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e зголемено за 24,6 проценти, во железничкиот превоз е намалено за 19,8 отсто, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува за 14,3 проценти.