„Лајка“ залови 58 кучиња за две недели во една скопска општина

Во текот на стратешкото заловување кое траеше две недели во општина Гази Баба заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ залови 58 кучиња.

„Лајка“ од 31 јули до 4 август заловуваше во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово.

Потоа од 7 до 11 август тимот на „Лајка“ заловуваше во Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци, а интервентно се постапуваше во останатите скопски општини.