„Лајка“ ќе заловува кучиња во неколку скопски населби

Заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ од понеделник, 17 јули ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром.

- Нашиот тим на заловувачи оваа недела (17-21 јули) ќе заловува во општина Аеродром и тоа во следните реони: Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово, информира ЈП „Лајка“.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман.