Лајка со апел да го посетите нивниот стационар и да вдомите куче по избор

- Доаѓа викенд, временската прогноза предвидува убаво време, идеална можност да го посетите стационарот, доколку планирате да го проширите вашето семејство и вдомите куче, велат од ЈП Лајка. Ова претпријатие во моментов е времен дом на 105 кучиња, сите посебни по својот карактер, изглед и карактеристики.

- Но, едно нешто важи подеднакво за сите – на секое бескрајно му треба љубов, семејство, дом. За вдомен миленик не плаќате ништо, вашиот мелез е единствен и уникатен, вдомувајќи спасувате нечиј живот и обивате безусловна љубов и верен пријател. Вашиот пример ќе биде поттик за некој друг! - се навдува во апелот од ЈП Лајка.

- Многумина не се доволно информирани за судбините на бездомните животни и причините зошто се на улица. Човекот како фактор, неодговорното сопствеништво, неконтролираното размножување и напуштање се примарен причинител за нивната прекубројност. Животните на улица се осудени на тежок живот, секојдневие исполнето со страв, трауми, глад, предвремена, најчесто насилна смрт. Но, хуманоста е „заразна“, а една позитивна приказна влијае и менува многу. Со вашата одлука вие спасувате еден живот, а притоа давате позитивен пример на сите останати. Благодарение на таквите, сè поголема е бројката на поединци кои вдомиле, ќе вдомат и ќе спасат живот и кои стекнале прекрасен, верен и уникатен пријател, порачуваат од од претпријатие кое се грижи за бездомните животни.