Кривични пријави за семејно насилство против две лица, едното ја нападнал сопругата, другото татко му

Надворешните канцеларии за криминалистички работи на Гостивар и Пробиштип имаат поднесено кривични пријави против две лица поради семејно насилство. Едното од нив по претходна расправија ја има нападнато својата сопруга, додека во другиот случај се работи за син кој исто така во расправија го има нападнато својот татко на кој му нанел повреди.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Б.(43) од Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство. На 01.04.2024, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата 38 - годишна сопруга и ѝ нанел повреди.

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.С.(39) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 09.04.2024 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал својот татко М.С. и му нанел повреди“.