Кривична против полицаецот кој нападна свои колеги, а им се закануваше на четири други лица со нож

Поднесена е кривична пријава против А.А.(51) од Крушево кој работел како полицаец поради поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Имено пред пред речиси 2 недели во Крушево А.А. физички нападнал свои колеги кои си ја извршувале својата работа. Претходно тој со нож им се заканил на уште четворица лица М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на неговиот сограѓанин С.Г. од Крушево

Од МВР му е поднесен предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и дадени се задолжителни мерки да се отстрани од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.