Кривична пријава за разбојник - украл торба со мобилен телефон, пари и други предмети

На 16.01.2023 полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Т.Р. од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“.

- Имено, во 00.40 часот во ОВР Кочани З.Ш.(60) од Кочани пријави дека на 15.01.2023 околу 22.10 часот пред продажен објект во Кочани, Т.Р. со употреба на сила ѝ одзел торба со мобилен телефон, пари и други предмети, информира МВР.

Во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, од страна на полициски службеници од ОВР Кочани осомничениот е веднаш пронајден, приведен и задржан во просториите на ОВР Кочани.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.