Донесен починат маж во Итната помош во Кочани, се повредил додека работел во штала

Вчера во итната медицинска помош во Кочани бил донесен мртов 73-годишен мртов маж каде било пријавено дека се здобил со повреди додека работел во штала.

„На 14.04.2024 во 16.20 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив бил донесен починат Д.Д.(73) од с.Соколарци, кочанско. Според пријавеното, околу 16.10 часот во с.Соколарци, тој се здобил со повреди додека работел во штала, сопственост на П.Д., по што бил пренесен во Итна медицинска помош, каде што од лекар била констатирана смрт. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција“.