Кривична пријава против скопјанец за загрозување на животната средина и природата со отпад

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против скопјанецот Џ.А. (41), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 15.02.2022, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини лоцирано во дворно место на улица „Брсјачка буна” во Општина Шуто Оризари и притоа го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без да е регистриран во Централен регистар како правно лице и без да поседува дозвола за вршење на дејност – складирање и третман на отпад, издадена од Министерството за животна средина, информираат од МВР.