Кривична пријава против 6 лица, извршиле разбојништво како во филмовите

Поднесена е кривична пријава против шест лица поради разбојништво кое се случи пред речиси 1 месец во Куманово. Пријавата е поднесена против А.Ц.(29) од Косово, В.А.(25) од Скопје, М.С.(31) од Скопје,  Б.Ш.(33) од Косово, Д.К.(26) од Косово и Е.А.(32) од Скопје. Најпрво пријавениот Е.А. на 21.02.2024 во СВР Скопје лажно пријавил кривично дело одземање на моторно возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот брат М.А..

После тоа, на 15.03.2024 на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, пријавените со возилото „ренџ ровер“ удриле во возилото „фолксваген пасат“ на С.С.(63) од Куманово, по што со закана со огнено оружје му одзеле торба со вкупно 7.512.170 денари во разни странски валути.