Козле денеска без струја, вода ќе нема во Моране

Според добиеното известување од „ЕВН Македонија“ АД, Регионалниот центар за управување со кризи Скопје известува дека, денеска, без електрична енергија, ќе останат жителите на дел од улицата Козле.

„Во периодот од 9 до 14.30 часот дел од улицата Козле и во периодот од 9 до 12.30 часот улицата Козле со броевите 19, 21 и 23 во општина Карпош“, се наведува во известувањето. 

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска дека ќе се реконструира вшмукувачкиот дел во ПС Моране.

Поради тоа, прекин на водоснабдувањето од 9.30 до 15.30 часот ќе имаат населените места, викенд-населбата Моране и село Моране во општина Студеничани.