Конфискуваниот имот на Мијалков наскоро на лицитација

Директорот на Агенцијата за одземен имот Дритон Небиу информира дека конфискуваниот имот на поранешниот директор на ДБК Сашо Мијалков за кратко ќе биде објавен на јавното електронско наддавање кое Агенцијата ќе го изработи согласно законот и по согласност на Владата. Тој, во отчетот за сто дена работа, најави и драстични промени особено во во управувањето со магацините Идризово, Тетово, Миладиновци и Гевгелија. Исто така Небиу посочи дека 

Небиу вели дека за неколкуте „мошне актуелни случаи за конфискација“, веднаш презел иницијативи со поддршка и соработка од министерот за правда Кренар Лога и биле преземени активности за нивно обелоденување и што поскоро извршување. Тој посочува на случаите „Империја” во врска со имотот на Сашо Мијалков, „Труст“ или познат меѓу народот како Трансмет и „Бачило” или познат како Иснифарис Џемаили. 

Директорот на Агенцијата за одземен имот најави дека ќе вложи максимални напори за подобрување на условите за работа во Агенцијата за нејзина дигитализација со што би дошло за подобро функционирање и полесно менаџирање.

Дел од одземената стока, Агенцијата ја донирала на училишта и институции. 

-Ќе работам и на други проекти за донација на предмети, опрема и стоки одземени од институциите во државата, се со цел сите тие да имаат корист како општеството така и јавните институции. Во рок од еден месец ќе следува и друга донација која ќе биде дистрибуирана во Општина Струга, Гостивар, Долнени, Шуто Оризари, Чашка. Нема да застанам тука, ќе продолжам да давам донации во секоја општина на Република Северна Македонија, вели Небиу.