Кога ќе заврши реконструкцијата на тунелот Скопје - Блаце?

Целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје - Блаце (границата со Косово) треба да заврши во октомври годинава.

Вицепремиерот Артан Груби појаснува дека комплетната реконструкција на останатиот дел од патот е завршена.

- За жал, поради непочитување на патната сигнализација пред тунелот од страна на неодговорни лица, но и поради значително зголемениот проток на сообраќај, се создаваат долги редици од автомобили. По реакциите и барањата на голем број граѓани, синоќа и денеска ЈПДП разговараше со изведувачот и надзорот. Асфалтирањето на едната лента од тунелот завршува во понеделник. Потоа ја разгледуваме можноста од вторник да ги прекинеме работите на другата лента за да се овозможи непречен сообраќај на двете ленти во текот на месец август за да се избегнат долгите редици во екот на туристичката сезона и зголемениот проток на автомобили, вели Груби.

Според него, работите на тунелот ќе продолжат во септември, а датумот на завршување на работите исто така ќе се помести.