Кочанец двапати подигнал брз кредит на туѓо име

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Т.Т.(51) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

На 12.12.2019 и на 17.02.2020, откако претходно ги прибавил личните податоци за оштетената, во два наврата ги искористил за онлајн апликации за брзи кредити и склучил договор за наменски кредити во нејзино име за набавка на два мобилни телефона, со што се стекнал со противправна имотна корист од 53.000 денари, нанесувајќи ѝ штета на оштетената во износ од 68.000 денари.