Ќе имаме пеколен викенд со температури до 43 степени

Топлото време со високи температури ќе продолжи и во текот на викендов.

За денеска е најавено сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од западен правец. УВ-индексот ќе изнесува 10.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец и максимална температура до 39 степен.

Највисоката дневна температура денеска ќе достигне до 43 степени во јужните делови на Македонија.