Ќе има ли К-15 за работниците годинава?

Крајот на годината е период кога на вработените во приватниот сектор треба да им се исплати регрес за годишен одмор популарно познат како К-15.

Право на регрес за годишен одмор имаат сите вработени во приватниот сектор кои работеле кај ист работодавач најмалку шест месеци во текот на календарската година.

Износот на К-15 е различен секоја година и зависи од движењето на просечната нето и бруто плата во државата.

Според Колективниот договор, основицата за пресметување на регресот за годишен одмор на работниците преставува просечната месечна нето-плата по работник во Македонија исплатена во последните три месеци.

Минималниот износ на К-15 не треба да биде помал од 40% од просечната нето плата во последните три месеци додека пак максималниот износ треба да биде до 40% од просечнтата бруто плата во последните три месеци, пресметана од страна на Државниот завод за статистика.

Според последните податоци на ДЗС, износот на К-15 треба да изнесува минимум 12.740 данари, а маскимумот треба да е 19.055 денари.

Крајниот рок за исплата на К-15 е 31 декември 2022 година, а за работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.