Ќе бидат ли учебниците дигитални?

МОН го повлече законот за дигитални учебници од Собранието и го врати на доработка. Тврдат дека не се откажале од законот туку добиле насоки од СЕП да го усогласат со европските регулативи, документи кои лани ги усвоила ЕК а се однесуват на дигитализација во образованието. Во документите кои се наведени е новиот акциски план кој меѓу останатото  предвидува најпрво до 2022 г. да се обезбеди стабилен интернет пристап за учениците од руралните и градските средини, еднаков  пристап до дигитални алатки и единствена  безбедна платформа за учење. Во овој документ пишува дека државите за да обезбедат услови може да користат европски фондови но и да повлечат компјутери и технологија од државните институции со цел да ги опремат училниците во целата држава.

Европските документи објаснуваат како во чекори да се одвива дигитализацијата а предвидува и обуки за наставниците бидејќи според истражувањата, во Европа има висок процент на наставници кои не се снаоѓаат добро со новите технологии. Акциониот план 2021-2027 предвидува кои услови треба да бидат исполнети за дигитално образование

-инфраструктура, поврзување и дигитална опрема

-ефективно планирање и развој на дигитални капацитети, вклучително и ажурирани организациски способности

-дигитално компетентни и сигурни наставници и кадар за едукација и обука

-висококвалитетна содржина за учење, лесни алатки и безбедни платформи кои ги почитуваат приватноста и етичките стандарди

Премиерот тврди дека нема целосно да се учи од дигитални учебници туку тие ќе бидат дополнително на печатение учебници. Реформата ќе почне во 4 одделение од септември а Владата ќе се бори секое дете да има еднаков пристап.

„Државата сака еднаков третман на сите граѓани, особено на децата. Нема да дозволиме детенце да биде заборавено, затоа што е родено во сиромашно семејство. Комплетно ќе ја лоцираме пари, за децата да имаат приближно еднакви можности да управуваат со информативни технолошките средства. Верувам дека ќе најдеме средства“, вели Заев.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели не треба да се дозволи учениците да ги трпат последиците од неусогласените реформи.

 Како професор  не можам повеќе од тоа дека е обична глупост, како социјален работник и активиста нема чувство во која насока треба да се водат реформите. Ако после секој министер трпиме фрустрации децата ќе ги трпат последиците. Ни останува улицата и блокада на собранието, вели Мицкоски

И Сојузот на средношколци реагираше дека никогаш не дале целосна поддршка за дигитализација на учебниците, туку изразиле скептицизам и предупредување.

Од  МОН велат дека законот денеска повторно ќе биде на дневен ред на Владата по што ќе го достават до Собранието.