Дали СДС и ДУИ на еден месец пред заминување туркаат милионски тендер за дигитални учебници, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Дали СДС и ДУИ на еден месец пред заминување туркаат милионски тендер за дигитални учебници, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено пред само неколку месеци МОН даде 500.000 евра на фирмата „Тримакс“ за дигитални учебници кои никој не ги користеше, а сега истата фирма добива 800.000 евра повторно за дигитални учебници како претходно, од кои дел беа опфатени со претходната набавка.

И по сето ова МОН водена од ДУИ и СДС на само еден месец пред избори прави нова јавна набавка повторно за дигитални учебници, за кои нема наставна програма. Односно, иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми за дигитални верзии“, соопштија од опозициската партија.

Прашуваат дали повторно „Тримакс“ треба да се јави како добитник на овој тендер или тој ќе отиде кај омилените за ДУИ „Арс Студио“, која претходно доби тендер од 5 милиони евра за превод на учебници?

Според ВМРО-ДПМНЕ, на грабежите на народот мора да им дојде крај. Силата е во рацете на народот.