Киднапирање како на филм, нарко фамилии дивеат низ Скопје, ова не е држава, ова е нарколенд

Актерот Сашо Тасевски на неговиот профил на Фејсбук реагираше по убиството во старата Скопска чаршија.

- Киднапирање како на филм кај чешка амбасада, па егзекуции на јавни места, пред нормален свет. Нарко фамилии дивеат низ Скопје, по улици и кафиќи. Се ликвидираат по улици, се бркаат и пукаат од коли во движење. Колумбија од времето на Ескобар, г**на да јаде. Или натаму одиме.

За две скопски села не важат закони. Таму полиција смее да влезе само по покана за Рамазан. За да јадат баклави. Ние сите може да одговараме за пцовка на фејсбук, ама нарко бандите во овие села се недопирливи. И ДУИ се секогаш во близина. Зад нивниот грб. Ама они се гарант невини. Они се дефиниција за чесност.

А Обиџуко брка Руси. Они се криви и за заканите со бомби и за киднапирањата и за егзекуциите на бандитите по улиците и кафиќите. Обиџуко како не ви збоктиса од живеењето во самоволието на ДУИ и неговите банди. Ако сте толку слаби како држава, зборувам за сите и за власт и за опозиција, дај барем признајте и официјално објавете дека државата е во сопственост на нарко банди и на ДУИ која глуми легитимна власт. Оти ова не е држава. Ова е нарколенд, напиша Тасевски.