Не е проблемот во Теа Таировиќ, проблем е што не создадовме наш Ноле, наш Јоковиќ, наш Глоговац, наш Бјелогрлиќ, вели актерот Тасевски

Познатата балканска пејачка Теа Таировиќ минатиот викенд настапуваше во Скопје, а публиката која дојде да ужива во нејзиниот настап не беше, ни од далеку, малубројна. 

На социјалните мрежи бурни реакции за „Теа Таировиќ-феноменот“ кој по Цеца, Сека, Карлеуша и други ѕвезди од соседството, ја зафати земјава која е позната како добар домаќин на овие пејачки. 

Организаторите секогаш велат дека публиката го бара овој вид на музика! 

Со свој став се јави и актерот Сашо Тасевски.

- Не е проблемот во Теа Таировиќ. Народот тоа сака бе. Тоа е нивото. Сите што биле да ја гледаат еве ги два дена зборат како мешала. И мажи и жени. Каква нога држела. Еден ми вика ја глеам жена ми до мене, ја гледам Теа, ми се плачеше од мука. Кој ни е крив што ние не сме создале наша Теа, наша Цеца, наша Брена, па да рокаат по Балканов, вели тој на почетокот на својата објава.

- Но, поголем проблем е што уште подалеку сме да создадеме, наш Ноле, наш Јоковиќ, наш Глоговац, наш Бјелогрлиќ...Кога ќе имаш свои серии и филмови што ги гледаат на пет континенти никој нема да гледа турски. Кога ќе имаш наши светски шампиони во одбојка, кошарка, шах, атлетика... Свој Момо Капор, свој Павиќ... Кога ќе имаш свое, а светско, во спортот, уметноста, филмот, кој ќе гледа во Теа? Е тука прашајте се ЗОШТО? - констатира Тасевски. 

Актерот, во свој стил, 

- Колку од вас прочитале повеќе од десет книги у животот, ако се важи и Зоки Поки. Да не зборувам за врвна литература или филозофија... Не ни мора, да читате, ако живеете добро, без мисли за разни глупости околу вас, што ве праат турбо фолкери, фанови на Теа или која и да е.