Казнети 149 возачи во Скопје, 13 за возење под дејство на алкохол

 Во рамки на сообраќајните контроли, во текот на вчерашниот ден, на територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, а 13 санкции за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, изречени се и 12 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.