Карпош ќе избира најубаво уреден училишен двор, наградата е 70.000 денари

Заштитата на животната средина е една од основните цели на општина Карпош. Токму во таа насока, локалната самоуправа објавува јавен повик за избор на најдобро уреден училишен двор или дел од дворот. Уредувањето на училишен двор ја зголемува еколошката свест и потикнува зголемување на мотивираноста за негово одржување.

Право на учество на јавниот повик имаат сите десет основни училишта.

- Затоа ги охрабруваме сите чинители, заедно да ја подготват проектната апликација и да конкурираат за награди од 70.000 денари (за прво место), 50.000 денари (за второ место) и 30.000 денари (трето место), велат од општината. 

Рокот за аплицирање е до 7. мај, а огласот може да го најдете на следниов линк