Во текот на минатата вечер МВР спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои возат под дејство на алкохол во околината на Скопје. Во оваа акција на МВР биле казнети 19 возачи од кои кај еден откако бил сопрен му измериле 3,7 промили алкохол во организмот.
Веднаш бил исклучен од сообраќај и против него е поднесена соодветна пријава велат од МВР.