Уште еден од многубројните примери на несовесно паркирање фатено на дело и објавено во фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“.
Очиглено несовесниот возач успеал да се збута со половина возило на тротоар, но предниот дел од автомобилот останува на улица.
- Каде е сега Пајак службата и полицијата? - коментираат граѓаните.
- Супер си паркиран, уживај! - му порачаа иронично на овој возач.