Јордановска иронична: Свртете точно 184 пати за закажување термин за лични документи

Новинарката Мери Јордановска со ироничен став за неможноста телефонски да се закаже термин за вадење на нови лични документи. 

- Сериозно не сакам веќе да чујам како се жалите дека нема термини за закажување лични документи. Проблем нема, проблемот е до вас, господа. Јас и другарка ми ја откривме тајната, целата мистерија на процесот, кој сами си го плаќаме, ама тоа е сосема небитно во случајов. Сѐ што треба да направите е да свртите точно 184 пати (171 + 13, со тоа што некој ќе ви сврти во меѓувреме - тоа е задолжително, инаку магијата нема да успее) и гарантирано добивате термин и тоа во скоро време, за ваши пари, сподели таа на својот фејсбук профил.