Од ЈСП информираат дека утре, петок, поради државниот празник Св.Кирил и Методиј, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.
Жичницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.
- од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот
- во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.