Ја среди општина Карпош, па ќе ја средува Македонија: Кој има храброст да гласа за Стевчо?

„Храбро за Македонија!“ е слоганот кој треба да ги поткрене Македонците да излезат в среда и својот глас да го дадат за Стевчо Јакимовски, актуелен градоначалник на Општина Карпош.

Карпошани знаат дека навистина треба храброст на гласачкото ливче да се заокружи бројот 3 пред името на Стевчо Јакимовски. Јакимовски првпат излегува на мегдан за претседател на Македонија, но веќе три мандати ја средува и уредува Општина Карпош. Колку го прави тоа успешно, можете и самите да заклучите.