Вистинска семејна драма се одвивала вчера околу 20 часот во селото Мирковци-Скопје, кога девер си ја претепал снаата со тесла. Поради нерасчистени имотни односи, 59-годишниот Б.П. со неколку удари со тесла во пределот на главата и нанел тешки телесни повреди на неговата снаа за брат, 54-гоишната С.П.
Истата е пренесена во Клинички центар-Скопје и се наоѓа во животна опасност.
Б.П. е приведен во Полициска станица Кисела Вода, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.