Изречени 168 санкции за еден ден, сообраќајните контроли продолжуваат

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за непочитување на првенство на минување, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за нерегистрирани возила...

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потсетуваат од МВР.