Изгор сметки за струја за август, иако никој нема дома!

Голем дел од граѓаните реагираат на превисоките сметки за струја за месец август, иако немале потрошувачка бидејќи биле на одмор. 

Прва се пожали инфлуенсерката Миа Костова.

-Стан во кој не е запалена ниту сијалица, сите уреди се извадени од штекер, ни мува не прелетала 31 ден, сметка за струја е 1500 денари. Во случај да сакате да заштедите, најпаметно е да не живеете у станот, напиша таа на социјалните мрежи.

-Во месец август на 5. заминав од дома на одмор, а се вратив дома на 30. август…дома никаква потрошувачка за струја. Еден фрижидер само работеше, на минимум, а ми испратиле сметка од 1.765,00 денари, поточно на сметкава пишува потрошена електрична енергија 319,00 денари, а ова другово што е?, се пожали друг скопјанец.

Вакви искуства споделија голем број граѓани. Дел од нив велат дека за претходните вакви искуства со „изгор сметки“ реагирале по што добиле исправка на сумата. Други се прашуваат каква ли ќе биде состојбата во зимските месеци кога ќе пуштат клима. Трети смируваат дека во месец август не се чита саатот, па така во некоја од сметките за следните месеци ќе има порамнување.

Како и да струјата и нејзината цена претстојната зима „ќе ни кине нерви“ велат граѓаните.

Претходно од ЕВН на граѓаните им порачуваа сами да ги читаат струјомерите и доколку забележат разлика во фактурата да реагираат електронски или директно во Корисничките енергоцентри на ЕВН.