Исклучените од парно денеска повторно ќе излезат на протест.
Протестот е 150 по ред и се одржува пред Регулаторната комисија за енергетика.
„На протестот ќе објасниме зошто калориметрите се задолжителни и чија одговорност е нивното поставување. Продолжува и акцијата за собирање на потписи против незаконското работење на извршителите. Ќе има и други содржини за кои мислиме дека ќе ви го привлечат вниманието“, соопштуваат од иницијативата.