Метео прогноза: Претпладне сончево, попладне можна појава на невреме

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне, претежно во западните делови ќе има локален пороен дожд и појава на ретки грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.

Според УХРМ до четврток ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Стабилизирање на времето се очекува од петок.